НАЦИОНАЛНИОТ КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР Е ВО ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ПРУГА КОРИДОР VIII

Националниот конзерваторски центар – Скопје се вклучува со свој стручен ангажман во реализацијата на проектот од стратегиско инфраструктурно значење за Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ – Скопје, кој се однесува на изградбата на железничката пруга на Коридорот VIII, на делницата Бељаковце – Крива Паланка.

Под раководство на м-р Марина Шојлева, археолог – виш конзерватор, повеќечлена стручна екипа од Националниот конзерваторски центар, спроведува стручни археолошки теренски увиди долж железничката траса со пристапни патишта. Активностите се насочени кон утврдување и евидентирање на евентуалното постоење археолошки локалитети и културни добра, со цел нивна навремена заштита во рамките на реализацијата на овој стратегиски инфраструктурен проект.

Меѓу двете институции постои долгогодишна соработка, која датира уште од втората половина на XX век, што претставува основа за продолжување на заедничките активности во областа на истражувањето и заштитата на културното наследство.

Националниот конзерваторски центар – Скопје останува посветена на заштитата на културното наследство како составен дел од одржливиот инфраструктурен развој на државата, во согласност со Законот за заштита на културното наследство.

DCIM100MEDIADJI_0473.JPG

Image 3 of 9

DCIM100MEDIADJI_0473.JPG

You may also like...