УЧЕСТВО ВО ЛЕТНАТА ШКОЛА НА CIPA HERITAGE DOCUMENTATION – ДОКУМЕНТАЦИЈА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО БАТУМИ, ГРУЗИЈА
Во септември 2026 година, во Батуми, Грузија се одржа летната школа организирана од страна на Меѓународниот комитет за архитектонска фотограметрија (CIPA Heritage Documentation), посветена на примената на современи технологии во истражувањето, документирањето и заштитата на културното наследство.
На школата учествуваше м-р Љуиза Невзати, дипл. инж. арх., виш конзерватор – архитект, стручен работник во Одделението на градителско наследство, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство во Националниот конзерваторски центар – Скопје.
Летната школа претставуваше спој на предавања и практична теренска работа, со примена на различни методи и техники за фотограметриско документирање на културното наследство.
Практичната работа се одвиваше на објектот „Куќата на архитектите“ (The Architects’ House) во Батуми и опфати четири различни пристапи за изработка на дигитална документација: нискобуџетна фотограметрија со употреба на мобилни апликации, фотограметрија со професионален апарат и фотографирање од однапред пресметано растојаније, терестријално ласерско скенирање и фотограметрија со беспилотно летало (дрон). Во рамките на меѓународен тим, м-р Љуиза Невзати работеше на документацијата на објектот, со посебен осврт на споредбата на резултатите и точноста на ортофотографиите добиени од два различни пристапа.
Учеството овозможи стручно усовршување, размена на знаења и искуства со учесниците и предавачите, како и воспоставување професионални контакти, со можност за примена на стекнатите знаења во натамошниот професионален ангажман во областа на документацијата на архитектонското културно наследство.
Подготвила: м-р Љуиза Невзати, дипл. инж. арх., виш конзерватор – архитект





