Посета на археолошкиот локатитет Виничко Кале

На 24 октомври 2025 година Министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше во работна посета на Виница, заедно со м-р Александар Јорданоски, директор на Националниот конзерваторски центар, кои директно на терен да ги согледаат состојбите, и да ги идентификуваат потребите и приоритетите за натамошна заштита, конзервација и валоризација на културното наследство.

Посетата започна токму од археолошкиот локалитет „Виничко Кале“, којшто отсекогаш претставувавал дел од духовниот и културниот идентитет на градот Виница преку познатите теракотни икони.

Во годишната програма за работа за 2026 год. на Националниот конзерваторски центар, предвидени се два знајчани проекти за конзервација на „Цистерна“ и североисточното бедемско плато (трета фаза) на Виничко Кале. Проектите вклучуваат конзервација и заштита на објектите коишто се загрозени од надворешни влијаниа. Објектот „Цистерна“ е прогласена за културно наследство во опасност во 2025 година.

Овој потфат е разултат на заедничка посветеност на експертите од областа на заштитата, поддржани од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Нашата мисија е јасна, да го споиме минатото со иднината, да создадеме место кое ќе биде достојно за презентација пред пошироката јавност, за едукација и развој на културниот туризам.

Подготвил: Дарко Трајковски археолог конзерватор

Фото: Користени фотографии од Фејсбук страна на Зоран Љутков, Љупчо Тануровски

цистерна

Image 4 of 4

You may also like...