ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2026

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2026

за вработување на 1 (едно) лице на определено време во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје

НУ Национален конзерваторски центар – Скопје објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице на определено време, на следната работна позиција:

  1. КУЛ 01 02 Г01 010 Архивар, Одделение за правни, административни и општи технички работи, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи, (1) извршител.

Општи услови:

 

– да е државјанин на Република Северна Македонија;

–  активно да го користи македонскиот јазик;

–  да е полнолетен;

–  да има општа здравствена способност за работното место;

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови:

– ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование.

– најмалку три години работно искуство.

 

 

Општи работни компетенции:

 

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;

– учење и развој;

– комуникација;

– остварување резултати;

– работење со други/тимска работа;

– стратешка свест;

– ориентираност кон странките/засегнати страни и

– финансиско управување.

 

Посебни работни компетенции:

 

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;

– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

 

Распоред на работно време:

 

–   Работни денови понеделник-петок

–   Работни часови неделно: 40

–   Работно време од 7:30/8:30 до 15:30/16:30

 

Паричен нето износ на плата: 40.203,00 денари

 

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:

-уверение за државјанство;

-доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение, издадено од доктор специјалист по медицина на труд;

-доказ дека не им е извршена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-доказ уверение/диплома за завршен степен на образование;

-доказ/потврда за работно искуство (потврда од АВРСМ);

-доказ/сертификат за познавање на странски јазик;

-доказ/сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Кандидатите се должни да поднесат пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар. Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува три (3) работни денови. Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје или по пошта на следната адреса:
ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7, 1000 Скопје, со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. 4/2026”.

Ненавремени пријави нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју за кое кандидатите ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување.

Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавени кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став (2) од Законот за работни односи.

Одлуката за избор на кандидат ќе биде објавена на интернет страницата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и ќе биде доставена до сите пријавени кандидати согласно закон.

Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година.

Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.

 

 

 

 

                                                                                  НУ Национален конзерваторски центар – Скопје

 

                                                                        Д И Р Е К Т О Р,

                                                                      м-р Александар Јорданоски

 

You may also like...