ЧЕСТИТКИ ДО ПРИРОДОНАУЧНИОТ МУЗЕЈ НА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ОД НЕГОВОТО ОСНОВАЊЕ

На 26 октомври 2026 година, во Македонскиот народен театар – Скопје, се одржа свечена академија по повод 100-годишнината од основањето на Природонаучниот музеј на Македонија, установа која еден век посветено работи на проучувањето, документирањето и зачувувањето на природното богатство на нашата земја.

На свечената академија присуствуваа директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски, д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста – конзерватор советник и раководител на Секторот за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство, м-р Владо Муковски, сликар – конзерватор советник и раководител на Секторот за конзервација и реставрација и м-р Елеонора Панзова, сликар – конзерватор.

Со своите богати збирки од областа на геологијата, палеонтологијата, ботаниката, зоологијата и ентомологијата, кои опфаќаат исклучително голем број музејски примероци, Природонаучниот музеј на Македонија претставува значајна установа за научноистражувачката работа, образованието и зачувувањето на природното наследство. Неговата стогодишна дејност е сведоштво за посветеноста на генерации научници, кустоси, препаратори и истражувачи, кои придонесуваат за проучување и афирмација на биолошката разновидност и природните вредности на земјата.

На свечената академија на директорот м-р Александар Јорданоски му беше доделена плакета во знак на признание и благодарност за особен придонес и развој на Природнонаучниот музеј.

На Природонаучниот музеј на Македонија му упатуваме искрени честитки по повод овој значаен јубилеј, со желби за успешна работа, нови научни достигнувања и продолжување на неговата важна мисија во проучувањето, презентирањето и зачувувањето на природното наследство за идните генерации.

Честит јубилеј – 100 години посветеност на науката и природното наследство!

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста – советник конзерватор за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период (IX–XVIII век) и раководител на Секторот за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство

004

Image 6 of 9

You may also like...