Стручен увид на витражите од Борко Лазески во Споменикот „Македониум“ – Крушево

На 22.07.2026 година, стручен тим од Националниот конзерваторски центар изврши стручен увид на витражните композиции, авторско дело на академскиот сликар Борко Лазески, кои се составен дел од Споменикот „Македониум“ во Крушево.

Увидот беше реализиран како стручна поддршка на носителот на проектот – НУ Завод и музеј Прилеп, со цел согледување на моменталната состојба на витражните елементи и дефинирање на понатамошните истражувачки активности, кои ќе претставуваат основа за изработка на проект за нивна трајна заштита, конзервација и реставрација.

Во стручниот тим учествуваа м-р Владо Муковски, советник конзерватор, и Орхан Османи, конзерватор од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје. При увидот беа констатирани бројни оштетувања на металната носечка конструкција, како и на витражните стакла, при што беше утврдена потребата од итно преземање конзерваторски мерки за нивна заштита.

Во рамките на претстојните истражувачки работи, сите констатирани оштетувања ќе бидат детално документирани, анализирани и стручно евалуирани, со цел изработка на соодветна конзерваторско-реставраторска документација и обезбедување долгорочна заштита на овој значаен споменик на современото македонско културно наследство.

 

012_Krush

Image 12 of 12

You may also like...