Меѓународната научна конференција „GREDIT 2026 – Зелен развој, зелена инфраструктура, зелена технологија“

Националниот конзерваторски центар на 27 април 2026 година учествуваше на Меѓународната научна конференција „GREDIT 2026 – Зелен развој, зелена инфраструктура, зелена технологија“, која се одржа во Скопје, во просториите на Технолошко-металуршкиот  факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,. Конференцијата собра експерти, истражувачи и професионалци од различни области, нудејќи важна платформа за дискусија на прашања поврзани со одржливиот развој, зелените технологии и управувањето со животната средина.

Центарот беше претставен од м-р Љуљзиме Пруси Агаи, дипл. хем. инж. – советник конзерватор, м-р Зарије Амдиу Реџепи, сликар – советник конзерватор, Мирјана Топузовска, дипл. инж. арх. – виш конзерватор, како и Зана Мухаџири Рамадани, координатор за меѓународна соработка.

Посебно внимание беше посветено на темите поврзани со културното наследство, вклучително и неговата улога во градењето на идентитетот и колективната меморија, како и предизвиците за негово зачувување во контекст на одржливиот развој.

Во текот на конференцијата нашите претставнички следеа различни научни сесии, вклучувајќи ги и оние што се занимаваа со загадувањето на воздухот во Скопје преку дигитални модели, како и сесијата Environmental Ideas for the Future, на која беа презентирани теми за одржливо управување со отпад, употреба на зелена хемија, влијанието на вештачката интелигенција врз повторната употреба на водата и современи пристапи во одржливата архитектура.

Учеството на оваа конференција претставува вредна можност за размена на искуства и унапредување на професионалните знаења, придонесувајќи за зајакнување на меѓународната соработка и подобрување на практиките на конзервација во согласност со современите развојни текови.

Изготвил:

  • м-р Љуљзиме Пруси Агаи
  • Зана Мухаџири Рамадани
  • м-р Зарије Амдиу Реџепи

IMG_6545

Image 3 of 4

You may also like...