Македонската конзерваторска експертиза претставена на престижниот саем во Фиренца

Националниот конзерваторски центар достојно ја претстави македонската културна и конзерваторска експертиза на престижниот меѓународен саем Salone dell’Arte e del Restauro di Firenze 2026 во Фиренца, Р. Италија, каде што пред стручната јавност беше презентирана темата „The Path of the Fresco: Between Art and Conservation“.
Како говорници настапија м-р Владо Муковски, советник конзерватор за ѕидно сликарство и раководител на Секторот за конзервација и реставрација при Националниот конзерваторски центар, и м-р Ангелина Спировска Муковска, виш конзерватор за ѕидно сликарство.
Презентацијата беше посветена на актуелниот конзерваторско-реставраторски проект на фрескоживописот во црквата „Св. Ѓорѓи“, Старо Нагоричане, еден од најзначајните споменици на византиската уметност на Балканот.
Исто така, беше направено и надоврзување со претходно реализираните резултати и конзерваторски активности во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид. Со овие два значајни конзерваторско-реставраторски проекти беше нагласена и важноста на меѓународната соработка со странски експерти, како италијанските стручњаци Донатела Зари и Карло Џантомаси, кои како експерти на УНЕСКО беа вклучени во двата проекта.
Особено внимание привлече и стручната споредбена анализа помеѓу византиското и италијанското фреско сликарство.
Со овој настап, Македонија уште еднаш потврди дека располага со високо ниво на знаење, професионалност и современ пристап во заштитата на културното наследство, рамноправно стоејќи покрај водечките европски институции во областа на конзервацијата и реставрацијата.
Самото учество на овој престижен саем отвора нови можности за понатамошни идни соработки во сферата на заштитата на културното наследство.

IL CAMMINO DELL’AFFRESCO: TRA ARTE E CONSERVAZIONE | Salone dell’Arte e del Restauro di Firenze

Firenca_012

Image 11 of 14

You may also like...