Меѓународен саем за уметност и реставрација Salone dell’Arte e del Restauro di Firenze 2026
Националниот конзерваторски центар од Скопје извесува дека со особена чест и гордост ќе учествува на престижниот меѓународен саем за уметност и реставрација Salone dell’Arte e del Restauro di Firenze 2026 во Фиренца, Р Италија, место каде што се среќаваат традицијата, знаењето и иднината.
Со ова значајно претставување Националниот конзерваторски центар продолжува достоинствено и посветено да го афирмира македонското културно наследство пред меѓународната јавност, овојпат преку проектот Патот на фреската – меѓу уметноста и конзервацијата.
Стручната презентација ќе се одржи на 29 април 2026 година, во Paviglione Arsenale – Fortezza di Basso во Фиренца, Р Италија.
Подготвил: м-р Владо Муковски, сликар, советник конзерватор





