План за управување со споменичката целина „Старото градско јадро на Кратово“

На 22 април 2026 година директорот на Националниот конзерваторски центар, м-р Александар Јорданоски, заедно со Мирјана Топузоска, дипл. инж. арх.- виш конзерватор, оствари работен состанок со градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски, како и со претставници од општината, Музејот на град Кратово и невладиниот сектор.

Целта на состанокот произлегува од потребата за изработка на План за управување со споменичката целина „Старото градско јадро на Кратово“, кој е дел од Годишната програма за работа за 2026 година на Националниот конзерваторски центар, финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, а по задолжение од Управата за заштита на културното наследство.

На состанокот директорот ги презентираше можностите што ги нуди Законот за заштита на културното наследство во однос на овој плански документ, кој, пак, е основа за користењето на културното наследство преточен како законска рамка за јавното приватно партнерство, концесиите, вршењето на стопанска дејност во заштитено добро, како и користење име или облик на културно наследство за комерцијални цели.  Притоа ја истакна важноста од итна изработка и промоција на овој плански документ, со кој ќе се обезбедат посебни услови за заштита и долгорочно зачувување на споменичката целина. Во планот ќе се втемелат визии и цели за управување, вреднување и истакнување на историските, уметничките и споменичките вредности на културното наследство во Кратово. Културното наследство има додадена вредност со вметнувањето на туризмот, а документи од ваков вид се темелот за генерирање капитал и културолошки вредносен систем во полза на државата. Културното наследство постепено станува стопанска гранка, а не товар на буџетот.

Во рамките на средбата беа договорени насоки за натамошно делување и преземање активности за изработка на планот за управување, во согласностсо интересите и надлежностите на секоја инволвирана страна.

Подготвила: Мирјана Топузоска, дипл. инж. арх., виш конзерватор

Kratovo_001

Image 2 of 4

You may also like...