Учество на ICCM-2025 во Атина

Петнаесеттата конференција на меѓународниот комитет за конзервација на мозаици (International Committee for the Conservation of Mosaics-ICCM) беше организирана во Атина во периодот од 19 до 24.10.2025 година. На конференцијата учествуваа голем број на експерти од повеќе земји од светот кои ги презентираа своите истражувања од областа на заштитата на мозаичното наследство во шест сесии со вкупно 40 орални презентации, дополнети со две сесии за постери и видеа, со вкупно 35 изложени постери и 11 видеа.

                На оваа конференција, НУ Национален конзерваторски центар беше претставен од страна на д-р Мишко Тутковски кој во ко-авторство со Томе Филов од НУ Стоби ги презентираа резултатите од конзерваторско-реставраторските активности на мозаиците од Теодосијанската палата во Стоби, преку постерот со наслов: „Conservation of floor mosaics in the Theodosian palace at Stobi“. Покрај овој труд, д-р М. Тутковски учествуваше и како ко-автор на трудот кој се однесува на новите методологии за документација на мозаичното наследство. Презентација насловена како: „Extending a geosience-informed rapid assesment tool to assess the condition of in-situ roman mosaics“ беше изработена во соработка со Kristen Jones и George Bevan од The Queen’s University – Canada и Casey D. Allen и Kaelin Groom од Arizona State University – USA.

                Во рамките на конференцијата на ICCM, покрај презентациите на стручните трудови беа организирани и неколку студиски посети кои ги опфатија археолошките локалитети и значајните културно – историски споменици во Атина какви што се Акрoпол, Атинската агора, Римскиот форум, Византиските цркви во Атина и други археолошки локалитети и музеи, како и организирана посета на локалитетите и музеите во Коринт и Патра.

Подготвил: д-р Мишко Тутковски

Atina-002

Image 2 of 5

You may also like...