Учество на работилница за сувоѕид

Во период од 1 до 10 септември 2025 година, во Хвар – Стари Град се одржа работилница за сувоѕид во рамките на Програмата на УНЕСКО за волонтери за светско наследство. Организатори на оваа работилница беа Јавна установа – Агенција за управување со Староградско Поле, кое што е вклучено во листата на УНЕСКО од 2008 година. Староградското Поле има геометрски систем на поделба со суви ѕидови, кој е оформен уште во времето на грчката колонија.

Волонтерите работеа под водство на мајстори од организацијата Драгодид, а настанот беше финансиран од Министерство за култура и медиуми на Република Хрватска.

Работилницата за сувоѕид има цел да ја зачува и обнови старогрчката традиција на градба без малтер, а притоа да им пренесе знаење на младите волонтери, кои тоа ќе го пренесат понатаму. Преку обуката, учесниците учат за старите техники на градба и нивната фундаментална основа, со што се зачувува недвижното културно наследство и се поддржуваат локалните заедници.

Во работилницата учествуваше Дарко Трајковски, археолог, конзерватор – стручен работник за археолошко наследство од антички период во одделението за археолошко наследство. Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство во НКЦ – Скопје.

Подготвил:

Дарко Трајковски

Фото: Павел Јарошевски

Volunteers for Stari Grad Plain / UNESCO / HVAR 2025

Image 2 of 14

You may also like...