ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2022

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2022

за вработување на неопределено работно време за 3 (три) лица

НУ Национален конзерваторски центар – Скопје објавува оглас за вработување на  3 (три) лица за следните работни места:

Даватели на услуги 2 (две) лица

  1. КУЛ 03 04 Г03 008, Соработник за меѓународна соработка, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижното културно наследство, ИНДОК-ЦЕНТАР, Оддел за издавачка дејност, меѓународна соработка и популаризација на културното наследство …….1 извршител, согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. предвидено е вработување на Албанец/ка
  2. КУЛ 03 04 Ѓ02 007, Друг соработник во ЗКН, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижното културно наследство, ИНДОК-ЦЕНТАР, Фотолабараторија…….1 извршител, согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. предвидено е вработување на Албанец/ка

И едно (1) помошно-техничко лице за работното место:

  1. КУЛ 04 01 А03 001, Столар, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи, Одделение за правни, административни и општи технички работи…………………

..1 извршител, согласно годишниот план на институцијата за 2022 год. предвидено е вработување на Македонец/ка

Општите услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите (1, 2,3) се:
–    да е државјанин на Република Македонија,
–    активно дa го користи македонскиот јазик,
–    да е полнолетен,
–    да има општа здравствена способност за работното место и
–    со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

1.Посебни услови за работното место под бр.1 – За нивото Г03- да има завршено ВСП или 240 кредити по ЕКТС – Историја на уметност, археологија или наука за јазикот (лингвистика);  познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски); со работно искуство до една година.

2.Посебни услови за работното место под бр.2 – За нивото Ѓ02 – да има завршено вишо образование или високо образование-ликовна уметност, со стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршено средно образование за фотографско занимање; без  работно искуство.

3.Посебни услови за работното место под бр.3 – За нивото А03 – да има завршено ССП (столарска струка) или Вишо/Високо – шумарство и хортикултура; да има возачка дозвола од Ц категорија; без работно искуство.

Распоред на работно време за работното место бр.1,2 и 3:
–    Работни денови понеделник – петок, 40 работни часови неделно, работно време од 08:00 до 16:00

Паричен нето износ на плата за работното место под реден број 1:    29.797,00 денари.

Паричен нето износ на плата за работното место под реден број 2:    27.297,00 денари.

Паричен нето износ на плата за работното место под реден број 3:    27.177,00 денари.              .

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во архивата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје или на WEB-страната на установата (heritage.gov.mk)

 

Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:

– Уверение за државјанство

– Доказ за општа здравствена способност за работното место/ Лекарско уверение (не  постаро од 6 месеци)

– Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/ Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност (не постаро од 6 месеци)

– Доказ за завршено образование / Диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место

– Доказ за работно искуство/ доколку се бара

-За работното место под бр.1  – Потврда/сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

-За работното место под бр.3 –  возачка дозвола од “Ц“ категорија

Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.

Пријавата со комплетните документи кандидатите можат да ја достават директно во архивата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје заклучно со последниот ден до 15,00 часот или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.02/2022“ на адреса НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, ул.Јосиф Михајловиќ бр.7, Скопје

При поднесување на пријавата лицето го наведува бројот на работно место за кое се пријавува. Кандидатите се должни да достават прецизни и точни податоци. Селекцијата и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување.

Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата.

Изборот ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати а најдоцна во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

НУ Национален конзерваторски центар – Скопје

ВИДИ ОГЛАС

П Р И Ј А В А

You may also like...