Барање информации за културното наследство во ОХРИД
- Кои се активности преземени за заштита на културното наследство во Охрид од 1980 година до 2004 година?
Поради обемноста на бараната информација, а врз основа на член 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), рокот на одговор е 30 дена.
Документацијата во Нашата институција е јавна и Ваш преставник може во секое време да изврши увид во истата. По извршената селекција на материјалите согласно со Одлуката за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација на имателите на услугите (Сл.Весник бр.136/ 2006) и по извршената уплата да добиете копија од материјалите.
- Дали и каква дигитална документација поседувате за културното наследство во Охрид?
Со формирање на Центарот за дигитализација на културното наследство при УЗКН, целокупната дигитализирана документација ја поседуваат одделението за дигитализација на културното наследство
Kонтакт адреса:
Управа за заштита на културното наследство (УЗКН),
Одделение за дигитализација на културното наследство
Ул. „Павел Шатев„ бр. 3
1000 Скопје
П.Ф. 220
- Какви мерки за заштита и промоција на културното наследство во УНЕСКО регионот се преземени од 1980 – 2021 (јануари) и дали може да имаме увид во преземените мерки? Извештаи, препораки, наоди од терен? Дали се овие информации јавно достапни и каде?
Поради обемноста на бараната информација, а врз основа на член 22 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Северна Македонија број 101/2019), рокот на одговор е 30 дена, но само за периодот од 1980 до 2004 година, бидејќи со формирање на УЗКН, законска обврска на надлежната установа Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – ОХРИД е целокупната документација (извештаи, записници, стручни мислења, заштитно-конзерваторски основи, елаборати за ре/валоризација на културното наследство) да ги доставуваат на понатамошна управно-правна постапка до УЗКН. Управата е надлежна да ги издава сите потребни одобренија и дозволи за вршење на одредени конзерваторски истражувања или изведба на заштитни и нтервенции на културното наследство во Охридскиот регион.
Документацијата која се наоѓа во Нашата институција е јавна и Ваш преставник може во секое време да изврши увид во истата. По извршената селекција на материјалите согласно со Одлуката за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација на имателите на услугите (Сл.Весник бр.136/ 2006) и по извршената уплата да добиете копија од материјалите.
- Кој е ставот на вашата институција за состојбата со културното наследство во УНЕСКО регионот во Македонија? Кои се ваши препораки или приоритети кои треба да се преземат за да постигне баланс меѓу туризмот, урбаниот развој и зачувување на културното наследство?
Донесен е Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион чија примена беше формализирана во 2018 година со формирањето на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, која што активно го следи процесот на спроведување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион, донесен во фебруари 2020 година, и реагира на сите позитивни и негативни појави до надлежните субјекти.
- -На кој начин ја унапредувате методологијата на работата во областа на заштитата во општина Охрид, особено во однос на светското културно наследство?
Согласно територијалната поделба, НУ НКЦ -Скопје нема законски ингеренции и надлежност во областа на заштитата во општина Охрид, особено во однос на светското културно наследство. Единствено, преку номинација на свој член во Комисијата за координирање на работите поврзани со управувањето на културното наследство на Охридскиот регион може да даде одреден придонес од методолошки аспект.
- -Со која динамика вршите стручни надзори над Заводот во Охрид? Дали можеме да имаме пристап до ваквите надзори и заклучоците, препораките од истите од 1980 – 2021 (јануари).
Значи станува збор за увид во обемна документација која е создавана во последните 40 години. Целокупната официјална документација која е архивирана во наведениот период за културното наследство во Охридскиот регион се наоѓа ИНДОК центарот на установата. Уште еднаш потенцираме дека после 2004 година НУ НКЦ – Скопје има територијална надллежност и ингеренции на 36 општини (Охридскиот регион не е вклучен, бидејки има надлежна установа Завод и МУЗеј Охрид). НУ НКЦ Скопје по основ на својата матична дејност единствено има законска обврска да врши стручна контрола на доставените конзерваторски проекти изработени од надлежната установа Завод и Музеј Охрид, и во одредени случаи да врши и стручен надзор на реализацијата на работите на културното наследство во Охридскиот регион, но потенцираме дека многу ретко институцијата/стручните лицае се ангажирани за давање стручни мислења за различни проблемски аспекти поврзани со културното наследство.
Што се однесува до динамиката за споменатите работни задачи (стручна контрола, конзерваторски надзор) е во директна зависност од доставените барања од надлежната установа Завод и Музеј Охрид, односно се одвива согласно нивните програмирани активности. Примерок од Извештаите од извршените стручни контроли на проектите и надзорот на конкренто реализираните (согласно проектот) се доставуваат во Завод и Музеј – Охрид и УЗКН:
Конзервсторско-реставрсторкста документација и друг вид на материјали која е архивирана во Нашата институција е јавна и Ваш преставник може во секое време да изврши увид во истата. По извршената селекција на материјалите согласно со Одлуката за утврдување на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација на имателите на услугите (Сл.Весник бр.136/ 2006) и по извршената уплата да добиете копија од материјалите.
- -На кој начин Центарот придонесува да се усовршуваат стручните кадри од надлежните институции во УНЕСКО регионот, во областа на заштитата на спомениците на културата?
НУ НКЦ нема ингеренции за усовршување на кадри од надлежните институции во УНЕСКО регионот.