8. Состанок на земјите членки – потписнички на Конвенцијата од 1970 година

Делегација од Република Северна Македонија, во состав: м-р Весна Илиевска, државен советник за нормативни прашања при Министерството за култура и туризам и д-р Сања Ивановска Велкоска,  археолог, советник конзерватор во Националниот конзерваторски центар – Скопје, учествуваше на 8. Состанок на земјите членки – потписнички на Конвенцијата од 1970 година, што се одржа во Париз, Франција, во периодот од 19.-20. мај 2025 година.

Во говорот на македонската делегација на 8.Состанок се истакна улогата на УНЕСКО и на Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа (Венеција) и седиштето во Сараево, со чија финансиска, логистичка и морална поддршка беше реализиран проектот „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“. Македонската делегација ја нагласи и благодарноста за учеството на Република Северна Македонија во овој проект, бидејќи истиот  влијаеше на создавање на добра меѓусекторска мрежа помеѓу сите чинители во нашата земја и јакнење на меѓународната соработка, особено меѓу земјите од Западен Балкан. Авторитетот и ангажманот на колегите од УНЕСКО кој беше вложен во реализацијата на овој проект ги збогати нашите искуства, нашите контакти и беше мотивација за сите нас, да се охрабриме, да изнајдеме нови модуси за имплеменцијата на Конвенцијата на национално и меѓународно ниво.

Претставниците на Република Северна Македонија на овој состанок исто така го презентираа случајот со реституција на 20-те икони кои од Република Северна Македонија беа незаконски изнесени во Република Албанија.

Со присуството на овој форум исто така Република Северна Македонија ги демонстрираше своите заложби да го сочуваме културното богатство кое е дел од  светското културно наследство, да ја спречиме недозволената трговија со него и да овозможиме презентација на вредностите кои ги поседуваме како држави. Проектот „Борба против недозволената трговија со културните добра на Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија (DG NEAR/DG EAC), одигра голема улога во функција на имплементацијата на Конвенција од 1970 година, особено со продолжување на неговото понатамошно спроведување и во периодот што следи.

viber_image_2025-05-26_13-05-57-765

Image 1 of 3

You may also like...