Посета на француската историчарка на уметност и проценител на уметнички дела Аријане Де Сен Марк (Ariane de Saint-Marcq)

НУ Националниот конзерваторски центар – Скопје имаше чест да ја прими во својата институција француската историчар на уметност и проценител на уметнички дела Аријане Де Сен Марк (Ariane de Saint-Marcq).

Целта на посетата беше Аријане Де Сен Марк, како автор на монографијата „ 60 ICÔNES DE LA MÈRE DE DIEU : DORMITION-ASSOMPTION DU VIIE AU XVE SIÈCLES“, посветена на Успението на Богородица, да не запознае со своето дело и намерата истото да се преведе на македонски јазик.

Во својата книга, авторката презентира 60 претстави на Успението Богородичино изведени на различни потпори вклучително ѕидно сликарство, камен, слонова коска, дрво или пергамент, кои биле собрани за време на нејзините бројни студиски патување изведени на европското тло, на исток или запад, од VII до XV век, па се до Русија и Египет.

Она што за нас е посебно интересно што авторот, од 60 подбрани примери илустирани во книгата, 10 се од најзначајните средновековни цркви од Македонија, што во голема мера придонесува за афирмирање на нашата културна матрица во рамките на француското говорно подрачје.

poseta_FRANCE_-5255

Image 14 of 22

You may also like...