Category Archives: Посети

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска го посети Националниот конзерваторски центар

   Националниот конзерваторски центар ќе биде опремен со два нови апарата кои наскоро ќе бидат ставени во функција, обезбедени се од Владата на РМ и ќе се користат во лабораторијата за физичко-хемиски испитувања на културното наследство. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети Националниот конзерваторски центар каде за време на работната средба со директорот на оваа национална установа Мемет Селмани, констатираа дека плановите се реализираат според динамиката.