ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2026
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2026
за вработување на 3 (три) лица на определено време во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје
НУ Национален конзерваторски центар – Скопје објавува оглас за вработување на 3 (три) лица на определено време, на следните позиции:
- КУЛ 01 02 Г03 006 Референт благајник, Одделение за економско-финансиски и сметководствени работи, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи, (1) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – Вишо или Средно образование – економска насока;
– најмалку една година работно искуство.
Општи работни компетенции:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време:
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време од 7:30/8:30 до 15:30/16:30
Паричен нето износ на плата: 37.977,00 денари
- КУЛ 01 02 В01 002 Советник за административни, општи и правни работи, Одделение за правни, административни и општи работи, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи, (1) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – општествени науки – право;
– најмалку три години работно искуство.
Општи работни компетенции:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време:
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време од 7:30/8:30 до 15:30/16:30
Паричен нето износ на плата: 54.137,00 денари
- КУЛ 01 02 В04 007 Помлад соработник сметководител, Одделение за економско финансиски и сметководствени работи, Сектор за правни, финансиски, административни и општи работи, (1) извршител.
Општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – финансиски менаџмент;
– со или без работно искуство.
Општи работни компетенции:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).
Распоред на работно време:
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време од 7:30/8:30 до 15:30/16:30
Паричен нето износ на плата: 44.715,00 денари
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:
-уверение за државјанство;
-доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение, издадено од доктор специјалист по медицина на труд;
-доказ дека не им е извршена забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-доказ уверение/диплома за завршен степен на образование;
-доказ/потврда за работно искуство (потврда од АВРСМ);
-доказ/сертификат за познавање на странски јазик;
-доказ/сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Кандидатите се должни да поднесат пријава со назнака за кое работно место се пријавува кандидатот, кратка биографија и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар. Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува три (3) работни денови. Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје или по пошта на следната адреса:
ул. Јосиф Михајловиќ бр. 7, 1000 Скопје, со назнака „ЗА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ БР. 3/2026”.
Ненавремени пријави нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапката за вработување. За кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази, ќе се спроведе интервју за кое кандидатите ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавени кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став (2) од Законот за работни односи.
Одлуката за избор на кандидати ќе биде објавена на интернет страницата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје и ќе биде доставена до сите пријавени кандидати согласно закон.
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
НУ Национален конзерваторски центар – Скопје
Д И Р Е К Т О Р,
м-р Александар Јорданоски





