Продолжуваат едукативните програми на УНЕСКО за превенција на нелегалната трговија со културното наследство
Нелегалната трговија со културно наследство е сериозна закана за културниот идентитет, историскиот континуитет, меѓугенерациското знаење и владеењето на правото во секоја држава. Културното наследство што го поседува нашата држава е изложено на многубројни ризици кои предизвикуваат негово деградирање, оштетување, уништување, па дури и негово неповратно исчезнување.
Важноста на прашањето за нелегална трговија со културно наследство условила меѓународните организации да донесат голем број меѓународни документи, но и да се развијат многубројни помошни алатки кои се од огромна помош во сузбивањето на трговијата со културно наследство.
Во тој контекст, УНЕСКО креираше и посебен онлајн курс за превенција од нелегална трговија со културно наследство, преку кој учесниците може да се стекнат со знаења и вештини за:
- меѓународната правна рамка за кривични дела против културното наследство,
- ризиците за безбедносната заштита на археолошките локалитети и музеите,
- практичните алатки во справувањето со нелегалната трговија со културното наследство, илустрирани со конкретни примери.
Курсот е бесплатен, интерактивен и лесно достапен на следниот линк: В И Д И
Превземено од Министерство за култура и туризам ВИДИ





