Годишна програма за работа на НУ НКЦ за 2027 год.

  1. Увиди во состојба:
    • Непланирани стручни увиди во постојната состојба на недвижното културно наследство кое е под територијална надлежност на Националниот конзерваторски центар;
  1. Изработка на конзерваторски проект:
    • Основен проект за конзервација и реставрација на архитектурата на црквата Св. Ѓорѓи, Полошки манастир на Тиквешкото Езеро, Општина Кавадарци;
    • Проект за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата Св. Ѓорѓи, Полошки манастир на Тиквешкото Езеро, Општина Кавадарци;
    • Основен проект за конзервација и реставрација на Јокширски мост, Кратово (културно наследство во опасност);
    • Основен проект за конзервација реставрација на Аргулички мост во Кратово;
    • Проект за конзервација и реставрација на иконите Воведение Богородичино во храм и Св. Никола од депото на Бигорскиот манастир, Св. Јован Крстител;

2.1 Конзерваторски истражувања

  • Истражувачки работи и испитувања во функција на изработка на градежно-конструктивен проект за реконструкција на објектот Старо училиште, с. Подвис, Кичевo, II фаза;
  1. Изведување на работи на непосредна заштита
    • Непосредна заштита – Изведување на работите на непосредна заштита. Реализација на Проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата Св. Ѓорѓи, с. Старо Нагоричанe;
    • Непосредна заштита – реализација на Основниот проект за конзервација, реставрација и санација на куќата на Петко Деспотовски, с. Јанче, КП 419 КО Јанче, Општина Маврово и Ростуша;
    • Непосредна заштита – Конзерваторско-реставраторски работи на иконописот од црквата Св. Спас, с. Ногаевци, Општина Градско, IV фаза;
    • Непосредна заштита – Конзервација на иконата Св. Архангел Михаил од проскомидијална врата во црквата Св. Ахил Лариски, с. Требиште, Општина Маврово и Ростуше;
    • Непосредна заштита – Конзервација и реставрација на Спомен-домот на Разловечко востание, с. Разловци, Општина Делчево,  II фаза;
    • Непосредна заштита – Конзервација, реставрација, санација и ревитализација на Стариот конак во Лешочкиот манастир Св. Атанасие во Лешочкиот манастириски комплекс, с. Лешок, Тетово – продолжување на VII фаза;
    • Непосредна заштита – Реализација на Проектот за конзервација и реставрација на иконостасот во црквата Св. Илија, с. Блатец, Виница- I фаза (прв дел), конзервација и реставрација на Царските двери – јужна и северна врата
  1. Изработка на елаборат за валоризација/ревалоризација
  • Елаборат за валоризација на евидентирано недвижно добро Стара пошта, Тетово;
  • Елаборат за валоризација на црквата Св. Илија, с. Стенче, Општина Брвеница;

4.1 План за управување со споменички целини

  • Изработка на План за управување со споменичката целина Старото градско јадро на градот Кратово
  • Изработка на План за управување со споменичката целина село Горно Врановци, Општина Чашка
  1. Друго

6.1. Координација на работата:

  • Координација на работата со останатите стручни установи за заштита на недвижното културно наследство (конзерваторски центри, заводи за заштита на спомениците на културата и музеи и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби

6.3  Презентација и визуелна афирмација на установата

  • Зголемување на видливоста на Националниот конзерваторски центар во медиумите и социјалните мрежи

6.4  Физичко обезбедување на установата

  • Физичко обезбедување на Националниот конзерваторски центар

ВКУПЕН БУЏЕТ

14.045,660 ден

You may also like...