Меморандум за соработка меѓу матичните национални институции
Договорена е нацрт верзија на Меморандум за соработка меѓу матичните национални институции од областа на заштитата на културното наследство.
Овој значаен чекор има за цел да ја зајакне соработката во делот на човечките ресурси, размена на стручен кадар, логистиката, лабораториските капацитети и сите други сегменти неопходни за унапредување на нашата заедничка мисија – зачувување и промоција на културното наследство.
Преку поврзување на експертиза, знаење и ресурси, институциите воспоставуваат современа мрежа за заеднички напредок и развој – како дел од долгорочна стратегија и нов модел на партнерство во културата.
Преземено од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија
