Формирање Стручен совет на Националниот конзерваторски центар – Скопје
Директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски, донесе Решение за формирање стручно-советодавно тело – Стручен совет за разгледување на одредени стручни прашања поврзани со работата на установата.
Советот е формиран во следниот состав:
- д-р Јехона Спахиу Јанчевска – историчар на уметноста, советник конзерватор, член;
- д-р Валентина Поцеска – сликар, советник конзерватор, член;
- м-р Невенка Величковска – сликар, советник конзерватор, член;
- д-р Сања Ивановска Велкоска – археолог, советник конзерватор, член;
- д-р Лидија Робева Чуковска – хемичар, советник конзерватор, член;
- м-р Дарко Николовски – историчар на уметноста, советник конзерватор, член;
- д-р Мишко Тутковски – историчар на уметноста, советник документатор, член,
вклучително и:
- м-р Цветанка Хаџи Пецова – дипл. инж. арх., советник конзерватор, раководител на Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство;
- м-р Владо Муковски – сликар, советник конзерватор, раководител на Секторот за конзервација и реставрација.
Задачите на Стручниот совет, согласно Статутот на Националниот конзерваторски центар, опфаќаат разгледување на определени прашања од стручен карактер, водење стручни дискусии и укажување на стручни насоки и аспекти поврзани со дејноста на установата. Со седниците на Советот претседава директорот на Националниот конзерваторски центар, а со Решението се утврдува составот и делокругот на неговата работа.
На 5.9.2025 година се одржа првиот состанок на Стручниот совет во овој состав, предводен од директорот, на кој беа дискутирани повеќе точки предвидени во дневниот ред.
фото: Љупчо Тануровски





