Потпишан Mеморандум за соработка за обнова на Саат-култата во Тетово

На 10.12.2025 година во Општина Тетово, директорот на Националниот конзерваторски центар, м-р Александар Јорданоски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, потпишаа Меморандум за стручна соработка, кој се однесува на валоризација, категоризација, реконструкција, ревитализација и интегрирана заштита на евидентираното недвижно добро – Саат-кула во Тетово. На потпишувањето на Меморандумот присуствуваше и заменик-министрот за култура и туризам, Седат Сулејмани. Средствата за овој проект се обезбедуваат преку Советот на турските општини во Светот и самата Општина Тетово.

Според расположливите податоци, Саат-кулата во Тетово првпат е спомната во вакуфнамата напишана од 30 ноември до 9 декември 1608 година, според која нејзината изградба се датира меѓу 1566 и 1576 година. Во 1822 е обновена од Реџеп-паша. Овој профан објект на исламското градителско наследство функционира до 1933 година, кога заради потребите на тогашните урбанистички планови е срушен.

Националниот конзерваторски центар на местото од Саат-кулата во декември 2005 и март 2006 година има спроведено археолошки истражувања, при што се откриени стратиграфските параметри, а во 2016 година од националната установа е изработен Основен проект за реконструкција на Саат-кулата во Тетово.

Потпишанот Меморандум е позитивен показател за односот кон културното наследство и заемната соработка меѓу локалната и централната власт.  

Тетово СААТ КУЛА_016

Image 1 of 10

You may also like...