Kонзервација на живописот на црквата Св. Богородица
Продолжување на конзервацијата на живописот на црквата Св. Богородица, село Лешок, каде е откриен трет најстар слој фрески, што сведочи за повеќевековниот континуитет на оваа историска локација.
Конзерваторско – реставраторските работи се под раководство на советник конзерваторот за ѕидно сликарство Глигорчо Мукаетов, а во состав на стручниот тим се: м-р Дарко Николовски – историчар на уметност, советник конзерватор, Орхан Османи– конзерватор на мозаик и м-р Елеонора Панзова- конзерватор за ѕидно сликарство.
Следните фази ќе бидат продолжување на конзерваторските интервенции во делот на апсидата како и на јужната и северната конха.
На тие делови во претходните фази имаше и најголем број на оштетувања со оглед дека самото раслојување се одвиваше тешко односно најпрвин се работи на одстранување на оштетениот живопис по хемиски пат па потоа деловите кои не се одстранети по хемиски пат се одстрануваат по механички пат. Сите овие конзерваторско – реставраторски активности се со цел да се отстрани оштетениот живопис од 19 век и целосно да се презентира постариот живопис од 17 век.
Подготвила: м-р Елеонора Панзова
Фотографии: м-р Елеонора Панзова, Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф





