Заврши обуката за конзервација на фасадниот камен на црквата „Св. Ѓорѓи““ во с. Старо Нагоричане

По завршувањето на двонеделната Обука за конзервација на камен која се одржа во црковниот комплекс „Св. Ѓорѓи“- Старо Нагоричане, во организација на НУ Национален конзерваторски центар -Скопје,  со финансиска подршка на Министерството за култура и туризам на Р.С.Макдонија, а од страна на странскиот експерт за конзервација на каменот г. Сајмон Варак, беа доделени Сертификати на конзерваторите /учесници во специјализираната Обука за конзервација на фасадниот камен на црквата „Св. Ѓорѓи“ – Старо Нагоричане.

IMGP2900

Image 4 of 13

  •  

Во втората недела од Обуката за конзервација на фасадниот камен на црквата „Св. Ѓорѓи““ во с. Старо Нагоричане се спроведе клучниот дел од специјализираната обука, фокусиран на практична работа поврзана со проблемски аспекти околу конзервирање на оштетениот камен на црквата.

Од страна на странскиот експерт г. Сајмон Варак беа практично презентирани методите и начинот за соодветно аплицирање на материјалите за in situ конзерваторски третман на различен вид на оштетувања кај фасадните камени блокови. Во исто време, во оваа фаза, учесниците во обуката имаа можност да земаат активно учество во испробување на методите  за консолидирање, нанесување на малтерите за исполнување на празнините, фугирање, обработка на завршни опшивки кај раслоените/ одвоени камени површини од базичниот камен, како и спојување на скршени делови од камен.

Согласно претходно дефинираната програма за приоритетни заштитни интервенции на одбрани камења со висок степен на загрозеност, беа организирани и дневните работни сесии за конзерваторски третман на фасадниот камен на црквата Св. Ѓорѓи, а во рамките на истите беа спроведени различни активности и тоа на следните позиции:

  1. Кај специфични камени елементи со исклесани историски натписи и тоа:

а/ кај камениот надвратник над влезната врата во црквата со исклесан текст со историска вредност беше извршен третман на вертикалната пукнатина со консoлидант Nano Estel  и обработка на горната површина од каменот и контактот со вертикалната ѕидна површина од лунетата со смеса од консолидантот и фино истолчена камена прашина од истиот камен.

б/ кај каменот со врежан натпис на јужната страна од припратата, поради високиот степен на раслојување/одвојување на површината во долниот појас, се изврши многу внимателен третман со контролирани постапки од аспект на чистење, исполнување на внатрешната празнина и завршна обработка за затворање на потегот долж контурното раслојување на камената површина.

1000009009

Image 1 of 8

  1. Кај трите камени пиластри на северната фасада се изврши целосно отстранување на несоодветни цементни интервенции (завршни капи), вадење на нестабилни камења и деградирани малтери, земја, вегетација; чистење на површините од биолошки деградации, враќање на камењата на нивните претходни позиции и нивно вградување со ново врзивно средство на варова основа, исполнување и обработка на спојниците со варов малтер.

1000009172

Image 1 of 20

  1. На северната фасада, кај избрани камења со изразена манифестација на оштетеност /раслојување и одвојување на горната површина од основниот формат на каменот.

Конзерваторскииот третман за овој  вид на оштетеност на каменот ги опфати следните последователни постапки:

а/ најпрво се изврши суво чистење со издувавање на прашината од внатрешната празнина на каменот и внимателно испирање со шприц со вода, инјектирање со течна емулзија од NHL 3.5 и завршна опшивка/фиксирање на одвоениот слој од каменот со употреба на смеса од консолидационо средство Nano Еstel и камена прашина.

1000009083

Image 1 of 27

б/ Исто така кај северната фасада, кај камен со видно изразен степен на оштетување и потенцијалниот ризик од губење на интегритетот, се примени комбиниран метод на конзерваторски третман кој, освен што опфати инјектирање на празниот простор со течна емулзија од хидрауличен варов малтер, воедно се изврши и вградување на 3 Fibерglass Pins (дијаметар 4mm). Истите беа распоредени во долниот потег од каменот со претходна изработка на соодветни отвори во каменот, истите беа исчистени од прашина и исполнети со емулзија од епоксидна смола. Вградените фиберстаклени елементи во каменот не се видливо експонирани на фасадната површина, но истите ќе придонесат за зголемување на стурктурниот интегритет на каменот.

1000009046

Image 1 of 10

Реализираниот специјализиран курс за конзервација на фасадниот камен на црквата „Св. Ѓорѓи“ –Старо Нагоричане претставува многу значајно практично искуство за колегите конзерватори кои работат во непосредна заштита на архитектонското културно наследство. Воедно, преку практичната обука имаа можност да добијат дополнителни знаења, непосредно искуство во примената на соодветни материјали и стекнување на потребна вештина за конзерваторски третман на камен. Согласно добиеното искуство ќе бидаат поподготвени да продолжат со заштитни интервенции на фасадниот камен на црквата и нејзино понатамошно одржување,  да се соочат со прашања од областа на конзервирањето на камен и воедно ќе допринесат и во унапредување на методолошкиот пристап во заштитната дејност на недвижни добра со исти/слични проблеми.

You may also like...