Исправка на Јавен оглас бр. 02/2025 објавен на 16.7.2025

Се врши исправка на Јавен оглас бр. 02/2025 објавен на 16.7.2025 година, за вработување на работно место: КУЛ 03 04 Д03 003, стручен соработник за археолошко наследство од знтички период, еден (1) извришител во Секторот за истражување и конзерваторско проектирање на недвижното културно наследство, Одделение за археолошко наследство и КУЛ 04 02 А01 001, работник за обезбедување, двајца (2) извршители во Секторот за правни, финансиски, административни и општи работи, Одделение за правни, административни и општи работи, објавен од страна на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје на 16.7.2025 година во дневните весници: „Слободен печат“, „Нова Македонија“ и „Коха“, како и на web-страната на установата (heritage.gov.mk).

             Исправката се однесува во делот на посебните услови за работно место под бр. 2 кој што гласи: Посебни услови за работно место под бр. 2 – За нивото А01, да има завршено средно, ССП стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО – средно гимназиско или стручно образование, со или без работно искуство и да поседува лиценца за обезбедување.

             Во делот на посебните услови за работното место под бр. 2 се врши измена кој гласи: Посебни услови за работно место под бр. 2 – За нивото А01, да има завршено средно, ССП стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО – средно гимназиско или стручно образование, со или без работно искуство и да поседува лиценца за обезбедување. Работното место се однесува за објект под заштита на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, Бигорски манастир Св. Јован Крстител, Општина Маврово и Ростуша.

Сè останато во Огласот, вклучувајќи го и рокот за пријавување на овој оглас останува исто како во објавата на Јавниот оглас од 16.7.2025 година.

 

В И Д И Исправка на Јавен оглас бр 02 2025-1

НУ НАЦИОНАЛЕН КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

You may also like...