ПРИМЕНА НА ЗАКОНОДАВСТВОТО ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА БОРБАТА ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНИ АКТИВНОСТИ КОИ ГО ТАРГЕТИРААТ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Во периодот од 27. до 29. ноември 2024 година, беше спроведена тридневна работилница на тема: „Примена на законодавството во Северна Македонија за зајакнување на борбата против нелегалните активности кои го таргетираат културното наследство“, поддржана од УНЕСКО и во организација на Министерството за култура и туризам, во соработка со НУ Национален конзерваторски центар – Скопје.

Работилницата ја отворија г-ѓа Марија Станчевска Ѓоргова, Државен секретар од Министерството за култура и туризам и г-ѓа Алма Мрган – Слипичевиќ од Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа. Присутните ги поздрави и г-ѓа Весела Честоева, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Оваа работилница произлезе како резултат и продолжување на спроведениот проект „Борба против недозволената трговија со културни добра во Западен Балкан“, финансиран од Европската комисија (DG NEAR/DG EAC) и имплементиран од УНЕСКО преку Регионалното биро за наука и култура на УНЕСКО во Европа (Венеција) и седиштето во Сараево, кој се одржа во Скопје во периодот од 08. – 12.07.2024 година. Проектот има примарна цел да создаде посилна координација меѓу клучните актери на регионално и меѓународно ниво, но и да промовира дијалог, меѓусебно почитување, доверба и меѓукултурно разбирање меѓу заедниците, придонесувајќи за средина за помирување, стабилност и одржлив развој. Ова се спроведува преку зајакнување на заштитата на културното наследство и различноста и преку зајакнување на борбата против недозволената трговија со културни добра, преку активности за градење капацитети и подигање на свеста, заедно со зајакнување на регионалната координација.

Локалните учесници во споменатиот проект односно на летната работилница во Скопје, дојдоа до заклучок дека на национално ниво не постои силна мрежа на организации и стручни лица. Оттука, произлезе и се наметна потребата за спроведување на национална акција составена од повеќекратни стручни обуки и работилници со главна цел да ги зајакне институционалните капацитети и да нaправи силна мрежа на важни чинители во борбата за спречување на уништувањето на културното наследство. Иницијално, оваа работилница, се фокусираше на базичната потреба од измени на постоечката легислатива, од каде ќе се започнат спроведувањата на измените за успешна програма за заштитата културното наследство.

На работилницата земаа учество претставници од Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за внатрешни работи (т.е. полициската служба), Царинската управа, Јавното обвинителство и судството, како и стручните лица вработени во заводите, музеите, галериите, конзерваторските центри и експертите од релевантните невладини организации. Работилницата беше збогатена со експертските предавања на г-ѓа Зејнеп Боз и г-дин Јадран Антоловиќ, експерти од УНЕСКО.

На работилницита се отворија најгорливите прашања и проблеми кои ја теретат стручната јавност, при што се отпочна со изнаоѓање на правни и консензуални решенија за истите. Едно од секогаш актуелните прашања во сферата на заштитата на културното наследство е предметната легислатива, особено делот од истата која се фокусира на безбедносната заштита.

Со зајакнување на капацитетите за борба против нелегалните активности со културни добра, применувајќи силни законски одредби, работилницата ќе допринесе кон создавање на силна интеринституционална мрежа,  опфаќајќи ги сите институционални партнери и поединечни државни службеници од министерствата за култура и туризам, правда, внатрешни работи (т.е. полициските сили) и царинските агенции, како и стручните лица вработени во заводите, музеите, галериите и конзерваторските центри.

Посебно внимание се посвети на тековните прашања и проблеми врзани со постоечката легислатива, како и нивно решавање по пат на демократска дискусија. Учесниците на оваа работилница има можност да ги искажат своите ставови основани на проблемите со кои се соочуваат на секојневно ниво и професионално функционирање, а со тоа и да разменат искуства за различни теми поврзани со борбата против недозволените активности кон културни добра.

Работилницата опфати повеќе аспекти на заштита на културното наследство, како што се активностите на институциите за спроведување на законите (обвинителствата, судовите, полицијата), давајќи свој придонес со теоретски и практичен дел на нивниот ангажман во борба против кривичните дела против културното наследство, потоа враќање и реституција на културни објекти, превентивни мерки и мерки за намалување на ризикот, подигање на свеста, тековни проекти на национално и регионално ниво, како и практични насоки за превземање на мерки на заштита.

Со особен фокус, беше отворена проблематиката околу неприменливоста на постоечката легислатива, со што се започна да се бараат заеднички решенија за подобрување на законските и подзаконските акти.

Една од најважните цели беше интерактивно учество на секој партиципант со свои идеи од практичните проблеми и секојдневните активности на своите работни места и органиизации, во склопување на предлози за измени во новиот Закон за заштита на културното наследство. Така, фокусот на последната тематка рамка беше отворен разговор на присутните учесници на темата: Законот за заштита на културното наследство

Работилницата се збогати и со интердисциплинарен панел за меѓуинституционална соработка, на која дебатираа стручни лица од Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, како институциите за заштита на културното наследсто: Конзерваторски центар – Скопје, Музеј на град Скопје и Национален конзерваторски центар.

Работилницата заврши со проглас – манифест, односно учесниците на работилницата донесоа консензуален заклучок за понатамошни постапувања за Создавање на Национална мрежа за преземање на координирани  активности во борбата против недозволените дејствија против  културното наследство  во Северна Македонија, преку  подобрување на  националната правна рамка.

IMG_6767

Image 61 of 78

 

 

You may also like...