Проект на ЕУ за зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина

Национален конзерваторски центар – Скопје се приклучи на проектот на ЕУ за зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина.

Национален конзерваторски центар  – Скопје, како партнер, учествуваше на настанот за отпочнување на Твининг проектот финансиран од Европската Унија под наслов “Зајакнување на институционалните капацитети во справувањето со кривични дела против културното наследство и животната средина”, кој се одржа во Скопје. Овој колаборативен проект има за цел да го засили капацитетот на Северна Македонија во справувањето со кривичните дела против културното наследство и животната средина, преку формирање специјализирана единица во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија. Проектот се спроведува во директна соработка со познатата дивизија на италијанските Карбинјери за заштита на културното наследство и злосторствата против животната средина.

Проектот претставува значаен чекор во подобрувањето на институционалната рамка на земјата за заштита на нејзиното културно и природно наследство. Како клучен партнер во оваа иницијатива, Национален конзерваторски центар – Скопје активно учествува во поддршката на формирањето на оваа нова единица во Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, придонесувајќи со своите стручни капацитети и ресурси за обезбедување на заштита и зачувување на национален културното наследство.

Во текот на настанот, Национален конзерваторски центар– Скопје беше гордо претставен со информативен штанд со што се покажа неговата обемна работа.

Оваа иницијатива не само што ја одразува посветеноста на Центарот за заштита на националното наследство, туку и ја нагласува неговата активна улога во пошироките меѓународни напори за борба против нелегалните активности врз културните добра.

Photo_001_Front

Image 16 of 40

You may also like...