Реставрирани две ремек-дела од ризницата на Бигорскиот Манастир

Во Бигорски Манастир „Свети Јован Крстител“  беа донесени двата реставрирани литиски крста од драгоцената манастирска збирка на старини. Овие уникатни реликвии, сотворени од легендарните бигорски зографи Михаил и син му Даниил јеромонах, му беа предадени на Игуменот на Обителта, Епископот Антаниски г. Партениј, од страна на претставници од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, а посебно значајно за нас е тоа што меѓу нив беа и конзерваторите советници Јехона Спахиу Јанчевска и Невенка Величковска, кои вложија огромни напори и извонредно стручна посветеност во нивната конзервација и реставрација и лично ги донесоа крстовите. повеќе

превземено од https://bigorski.org.mk/vesti

You may also like...