Јавен оглас за вработување

ЈАВЕН ОГЛАС
за прием на пет (5) лица на неопределено време за пет (5) работни места

Се распишува јавен оглес за прием на пет (5) лица на неопределено време.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:
– да е државјанин на Република Северна Македонија
– да е полнолетен
– да има општа здраствена сосотојба за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна
забрана за вршење професија, дејност или должност

Треба да ги исполнуваат и посебните услови, и тоа за следните работни места:

1) КУЛ 03 04 Д03 003 – Стручен работник за архитектонско наследство со ВСП или стекнати 240 кредити според ЕКТС – архитектура, урбанизам и планирање – едно (1) лице
– со и без работно искуство
Дневно работно време од 08-16 часот, неделно работно време од понеделник – петок 40 часа, паричен нето износ на плата 21,662.00 денари

2) КУЛ 03 04 Д03 003 – Стручен работник за конзервација на камена и дрвена пластика со ВСП или стекнати 240 кредити според ЕКТС – ликовна уметност, вајарство – едно (1) лице
– со и без работно искуство
Дневно работно време од 08-16 часот, неделно работно време, понеделник – петок 40 часа, паричен нето износ на плата 21,662.00 денари

3) КУЛ 04 01 Б02 004 – Магационер-набавувач со ССП – економска насока – едно (1) лице
– со и без работно искуство
Дневно работно време од 08-16 часот, неделно работно време, понеделник – петок 40 часа, паричен нето износ на плата 15,745.00 денари

4) КУЛ 03 04 Д03 003 – Стручен работник за уметничко наследство со ВСП или стекнати 240 кредити според ЕКТС – историја на уметност/археологија – едно (1) лице
– со и без работно искуство
Дневно работно време од 08-16 часот, неделно работно време, понеделник – петок 40 часа, паричен нето износ на плата 21,662.00 денари

5) КУЛ 03 04 Д03 003 Стручен работник за конзервација на ѕидно сликарство со ВСП или стекнати 240 кредити според ЕКТС – ликовна уметност – едно (1) лице
– со и без работно искуство
Дневно работно времеод 08-16 часот, неделно работно време, понеделник – петок 40 часа, паричен нето износ на плата 21,662.00 денари

Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на Пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во НУ Национален конзерваторски центар – Скопје или на WEB – страната на установата.
Кандидатите кон Пријавата треба да приложат во оргинал или заверени на нотар:
– Уверение за државјанство
– Доказ за општа здраствена способност за работното место/лекарско уверение
– Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност/Уверение дека не е изречена казна забрана за вршење професија, дејност, должност
– Доказ за завршено образование/Диплома за завршен степен на образование, кое се бара за работното место
– Доказ за работно искуство

Јавниот оглас трае петнаесет (15) дена, од денот на неговото објавување во дневниот печат.
Пријавата со комплетните документи, кандидатите можат да ја достават дирекно во архивата на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, заклучно со последниот ден до 15,30 часот, или по пошта во затворен плик „За јавен оглас за вработување” на адреса: НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, ул. „Јосиф Михајловиќ” бр 7 – Скопје.
Селекцијата и интервјуто (писмен и усмен дел) на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија, формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да бидат предмет на разгледување од страна на Комисијата.

НУ Национален конзерваторски центар – Скопје

Види оглас

Симни пријава