Промена на директорската позиција во Националниот конзерваторски центар

На 22.7.2025 година, во Националниот конзерваторски центар – Скопје се спроведе примопредавањето на директорската позиција од м-р Цветанка Хаџи Пецова, актуелна в.д. директорка на установата, која на таа позиција дојде како долгогодишен раководител на Секторот за истражување и конзерваторско проектирање на недвижното културно наследство. Хаџи Пецова е истакнат македонски архитект – конзерватор советник, која својот работен век го поминува во оваа матична установа за заштита на недвижното културно наследство. Нејзината кариера ја обележува обновата на целосно срушената црква Св. Атанасиј во 2001 година во рамките на Лешочкиот манастир. Овој зафат е со помош на Европската агенција за реконструкција во периодот 2003 – 2006 година. Во своето портфолио се вбројуваат и проектите со кои раководела, меѓу кои конзервација и ревитализација на културно-туристичкиот комплекс Св. Ѓорѓи – Старо Нагоричане, Св. Никола во Псача, Св. Богородица во Дреново и многу други. Таа има значајно учество и во изработка на документи од плански карактер, како Националната стратегија за културното наследство, Законот за заштита на културното наслдство, Просторниот план на РС Македонија итн. Во еден мандат била дел и од Националниот совет за културното наследство.

Директорската позиција ја зазема м-р Александар Јорданоски, кој доаѓа од позицијата помошник раководител на Секторот за заштита на културното наследство во Министерството за култура и туризам. Јорданоски својата кариера ја започнува токму во оваа установа, во 2002 година, која тогаш го носи називот Републички завод за заштита на спомениците на културата, каде што во 2005 година преминува во тогаш новоформираната Управа за заштита на културното наследство и останува до 2012 година, од каде што е преземен во тогаш Министерството за култура како раководител на Одделението за музејска дејност и заштита на нематеријалното културно наследство. Зад себе има три книги, повеќе трудови во домашната стручната периодика, но и во Србија и Босна и Херцеговина, а се јавува и како колумнист во дневниот печат, и сето ова се однесува исклучиво на заштитата и користењето на културното наследство. Во рамките на Министерството за култура и туризам е вклучен во речиси сите тела и работни групи кои се однесуваат на оваа област, како и во изработката на Националната стратегија за културното наследство, Законот за заштита на културното наследство, Законот за музеите, подзаконски акти и останати аналитички документи. Заради својот општествен влог во културното наследство оваа 2025 година е избран за почесен доцент на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима. Довербата за мандатот Јорданоски ја добива од Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Национален конзерваторски центар – Скопје

 

2025-07-22_Primopredavanje-direktor-3

Image 1 of 5

You may also like...