Трудови на стручниот кадар од Националниот конзерваторски центар објавени во Balcanoslavica 53 (1–2)

Излезе од печат списанието Balcanoslavica 53 (1-2) за 2024 година, во издание на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, во кое се објавени и научни трудови на стручниот кадар од Национален конзерваторски центар – Скопје.

Трудовите се резултат на учеството на Меѓународниот научен собир „Одрази на верувањата: Материјалните и општествените манифестации на сакралноста“ / “Reflections of Beliefs: The Material and Social Manifestations of Sacredness”, организиран од прилепскиот институт, кој се одржа од 4 до 6 октомври 2023 година во Охрид.

На научната конференција со свои излагања учествуваа и д-р Јехона Спахиу Јанчевска и м-р Дарко Николовски, историчари на уметноста, советници конзерватори – стручни работници за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период (IX–XVIII век) во Одделението за уметничко наследство, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство во Националниот конзерваторски центар – Скопје.

Во списанието е објавен трудот на д-р Јехона Спахиу Јанчевска со наслов Под превезот на заборавот – Црквата Свети Архангел Гаврил во Ореовец. Насловот на трудот на м-р Дарко Николовски е: „Наддверието на зографот Онуфриј Аргитис од манастирот Света Богородица Пречиста Кичевска“. Во двата труда се обработува културното наследство што е под надлежност на Националниот конзерваторски центар.

Со своето учество и објавените трудови, стручниот кадар на Националниот конзерваторски центар уште еднаш ја потврдува својата активна вклученост во научно-истражувачката дејност и во современите процеси на проучување, заштита и презентација на културното наследство.

                                                                                   

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска

1-Меѓународен-научен-собир-2023-во-Охрид

Image 1 of 6

You may also like...