Aкција за уредување на просторот во рамките на музејскиот комплекс

Во заедничка акција предводена од потпретседателот на Владата, Изет Меџити во соработка со Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, Музејот на Македонија, Националниот конзерваторски центар и Општина Чаир, се работеше на уредување на просторот на музејскиот комплекс од вегетација и отпад, во сутеренскиот дел, кој со години беше запуштен и се користеше како импровизиран паркинг извршено ее чистење. По остранувањето на  хаварисаните возила, просторот ќе биде исчистен и ќе се стави во функција како уреден паркинг за посетителите на Музејот и Старата скопска чаршија.
Со оваа мерка, не само што се подобрува изгледот и функционалноста на просторот, туку и се олеснува пристапот на граѓаните до културното наследство. Веруваме дека ова ќе придонесе за поголема посетеност на музејот и чаршијата, како и за зајакнување на културниот туризам во нашиот град.
По акцијата беше одржана работна средба во просториите на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје каде домаќин беше директорот Александар Јорданоски.
Превземени материјали од фејсбук странат на Зоран Љутков
 

006

Image 7 of 7

 
 

You may also like...