Посета на студенти од Архитектонскиот факултет при УКИМ
На 17.12.2025 год. во Националниот конзерваторски центар – Скопје се одржа средба помеѓу Директорот м-р Александар Јорданоски, архитектите конзерватори вработени во одделението за градителско наследство: Мирјана Топузоска, м-р Луиза Невзати, Тања Мишковска и Игор Кузмановски и студентите од Архитектонскиот факултет – Скопје при УКИМ предводени од проф. д-р Михајло Зиноски.
На средбата, студентите имаа можност да се запознаат од блиску со работата на архитектите конзерватори преку кратка презентација на изработени конезерваторски проекти како и проекти од непосредна заштита.
За време на презентацијата, студентите покажаа голем интерес за работата на конзерваторите при што се разговараше за можностите за нивно понатамошно вклучување во изработка на конзерваторски проекти како дел од нивната студентска пракса.
По завршување на средбата со архитектите, студентите ги посетија останатите одделенија при Националниот конзерваторски центар (ИНДОК центарот, хемиската лабораторија и ателјеата за ѕидно сликарство, икони и штафелајно сликарство) каде од страна на колегите им беше презентирана нивната работа.





