Учество на НУ НКЦ – Скопје на меѓународната конференција SEE Mosaic Meeting VII во Љубљана

Во периодот од 13 до 16 октомври 2026 година, во Љубљана, Словенија, се одржа седмата средба на меѓународната мрежа на експерти за конзервација на мозаици – SEE Mosaic Meeting VII, посветена на темата “Reconsidering Protection of Mosaic Heritage in the Face of Climate Challenges – Conservation, Preservation and Restoration” (Преиспитување на заштитата на мозаичното наследство во услови на климатски предизвици – конзервација, зачувување и реставрација).

На конференцијата, на која учествуваа 66 експерти од 14 земји, д-р Мишко Тутковски од НУ Национален конзерваторски центар – Скопје одржа усна презентација на тема “Specific Techniques and 3D Technologies Applied in the Physical Restoration of a 6th-Century AD Opus Sectile Decoration on a Wooden Tabletop from Stobi”. Презентацијата ги опфати досегашните активности на НКЦ поврзани со истражувањето, документацијата, конзервацијата и реставрацијата на исклучителниот opus sectile мозаик од Епископската резиденција на археолошкиот локалитет Стоби, датиран во VI век.

Покрај стручните презентации, постерските и видео-сесиите и тркалезната маса, програмата опфати посети на различните сектори на Заводот за заштита на културното наследство на Словенија, како и студиски посети на значајни културни добра, археолошки локалитети и музеи во Љубљана и Целје. Активностите овозможија размена на стручни искуства и запознавање со различни пристапи во истражувањето и заштитата на културното наследство.

Средбата беше организирана од Заводот за заштита на културното наследство на Словенија и Народниот музеј на Србија, во рамките на регионалниот проект SEE Mosaic: Developing a Network of Mosaic Conservation Professionals and Promoting Mosaic Heritage in Southeast Europe, со финансиска поддршка од Централноевропската иницијатива (CEI).

Учеството на НУ НКЦ – Скопје претставуваше можност за меѓународна презентација на стручната работа на установата и за унапредување на соработката и размената на знаења во областа на заштитата и презентацијата на на културното наследство.

Подготвил: д-р Мишко Тутковскои, Советник Документатор

NZ_-121219

Image 10 of 11

You may also like...