ОБНОВУВАЊЕ НА СААТ-КУЛА ВО ТЕТОВО

На 16.7.2026 година, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, државниот советник за заштита на културното наслство, Афет Јашари и директорот на Националниот конзерваторски центар, м-р Александар Јордански, остварија посета на започнатите активности кои имат за цел обновување на Саат-кулата во Тетово.

На 10.12.2025 година Општина Тетово и Националниот конзерваторски центар потпишаа Меморандум за стручна соработка, кој се однесува на валоризација, категоризација, реконструкција, ревитализација и интегрирана заштита на евидентираното недвижно добро – Саат-кула во Тетово.

Националниот конзерваторски центар на местото од Саат-кулата во декември 2005 и март 2006 година веќе има спроведено археолошки истражувања, при што се откриени стратиграфските параметри, а во 2016 година од страна на националната установа е изработен Основен проект за реконструкција на Саат-кулата во Тетово, вклучувајќи и компјутерска анимација, но кој треба да подлежи на ревизија.

Од понеделникот, 13.7.2026 година, Националниот конзерваторски центар, со добиена дозвола од Управата за заштита на културното наследство, спроведува дополнителни заштитни археолошки истражувања како вонпрограмска активност на националната установа, надвор од Годишната програма за остварување национален интерес во култуата за 2026 година, со цел доистражување на темелните партии на Саат-кулата заради нејзино валоризирање и впишување како регистрирано недвижно добро, но и статичка сигурност.

Се работи за исклучително сложено заштитно археолошко ископување, имајќи предвид дека се работи за урбана зона и сообраќјница, како и мрежа од високонапонски електрични кабли, водоводна и канализациона мрежа, за кои е потребна висока претпазливост.

Средствата за овој проект се обезбедуваат преку Советот на турските општини во Светот и самата Општина Тетово.

Раководител на зашитните археолошки истражувања е м-р Марина Шојлевска, археолог – виш конзерватор, а во тимот учествуваат: м-р Луиза Невзати, дипл. инж. арх. – виш конзерватор, Игор Толевски, археолог – кустос, Дејан Станоев, конзерватор техничар, Кирил Денковски, археолог (надворешен соработник) и Виктор Ирвин Иванов, фотограф.

 

SaatKulaTetovo_-7280

Image 5 of 17

You may also like...