УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ART READINGS 2026 ВО СОФИЈА, Р БУГАРИЈА

Во периодот од 16 до 18 април 2026 година, во Софија се одржа меѓународната научна конференција ART READINGS 2026, во организација на Институтот за уметнички истражувања при Бугарската академија на науките. Овогодишното издание беше реализирано во рамки на модулот OLD ART MODULE – CHRONOS AND TOPOS, посветен на истражувањето на односот меѓу времето и просторот во уметноста, нивната симболика, значење и меѓусебна интеракција низ различни историски и културни контексти.

На конференцијата учествуваа повеќе од 50 истражувачи од Бугарија, РС Македонија, Грција, Србија, Романија, Албанија, Полска и Канада.

На конференцијата учество зеде и д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор – стручен работник за уметничко наследство од византискиот и поствизантискиот период (IX–XVIII век) во Одделението за уметничко наследство, Сектор за истражување и конзерваторско проектирање на недвижно културно наследство во Националниот конзерваторски центар – Скопје.

Спахиу Јанчевска настапи со презентација на тема: “The Roaring Image: The Lion across Time and Space in Byzantine Visual Culture”. Во согласност со темата на конференцијата, излагањето беше фокусирано на мотивот и значењето на лавот низ времето и просторот во византиската визуелна култура, со посебен осврт на македонските примери. Беа разгледани и толкувани претстави и сцени од Епископската базилика во Стоби, Плаошник во Охрид, керамичките релјефни плочи од Виница, како и од повеќе цркви и манастири во Скопје, Охрид, Велес, Куманово, Струмица, Бањани, Петралица, Ранковце, Лесново, Полошки, Топлички, Журче, Кучевиште, Ореовец и други.

Погледнете ја презентацијата

Во рамките на конференцијата, таа имаше и улога на модератор на една од сесиите, со што даде свој дополнителен придонес кон високото професионално ниво на настанот.

Линк до сесијата

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска

Фотографии: м-р Александар Јорданоски, д-р Александар Василески

Извор: Институт за изследване на изкуствата/Institute of Art Studies

6

Image 6 of 6

You may also like...