Посета на Дебарско – кичевската епархија

На 2 декември 2025 година, директорот на Националниот конзерваторски центар од Скопје, м-р Александар Јорданоски, заедно со Љупчо Тануровски, документарист, остварија средба со Неговото високо правосвештенство, г. Георгиј, митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Националната установа во еден дел на оваа епархија има своја територијална надлежност, како: Кичево, Дебар, Маврово и Ростуше и Центар-Жупа. Средбата беше со цел да се координираат активностите на установата за 2026 година во дел од сакралното културно наследство во надлежната територија, односно за фрескофрагментите од Кнежино.

Исто така, директорот оствари средба и со архимандритот Нектариј, игумен на манастирот Св. Наум, при што беше запознат со состојбата на фрескоживописот во манастирската црква Св. Архангел Михаил, како и идејата да се воспостави постојана музејска поставка која ќе ја прикаже хронологијата на овој манастирски комплекс.

фото: Љупчо Тануровски

Ohrid_SvNaum-7221

Image 11 of 11

You may also like...