Потпишан Договор за соработка со Институтот за старословенска култура од Прилеп

На, 4.9.2025 година, во просториите на Националниот конзерваторски центар беше потпишан Договор за соработка со Институтот за старословенска култура од Прилеп во врска со реализацијата на проектот Византиски монашки центри во РС Македонија: традиција и континуитет кој ќе се одвива на локалитетите Св. Ѓорѓи, Старо Нагоричане; манастир Моклиште, с. Ваташа, Општина Кавадарци и локалитет Болница, Општина Демир Капија. Проектот е финансиран од страна на Министерството за образование и наука. Националниот конзерваторски центар, како матична установа за заштита на недвижното културно наследство ќе се вклучи  во активностите кои подразбираат користење опрема за недеструктивни и неинвазивни истражувања во согласност со нејзините законски надлежности. Почетокот на проектот е предвиден во септември 2025 година, а завршувањето на активностите во октомври 2026 година.

Фото: Љупчо Тануровски

Poseta_-6219

Image 3 of 3

You may also like...