КОНЗЕРВАТОРСКО – РЕСТАВРАТОРСКИ РАБОТИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ВО ЦРКВАТА СВ. БОГОРОДИЦА ВО с. ЛЕШОК
Конзерваторско – реставратораките работи се под раководство на советник конзерваторот за ѕидно сликарство м-р Владо Муковски, а во состав на стручниот тим се: м-р Дарко Николовски – историчар на уметност, советник конзерватор, Глигорчо Мукаетов – советник конзерватор и м-р Зарије Амдиу Реџеп – советник конзерватор за ѕидно сликарство.
При конхзерваторско – реставраторските работи на живописот, во 2023 година стручниот тим откри трослоен живопис нај стариот е фрагментарно сочуван трет слој на живопис во пределот на апсидата. Станува збор за откривање на два фрагменти едниот дел е од свиток на архиереи со дел од ореол додека другиот фрагмент во пределот на џакониконот односно откриен е лик на архиереи Св Кирил Александриски.
Самиот податок дека успеавме да дојдеме до трет слој и да го презентираме доволво говори дека станува збор за едно од поголемите конзерваторски зафати не само во македонија туку и пошироко дека ова е мал но значаен зафат од сведски рамки.
Едно од поголемите во следните фази ќе опфати продолжување на конзерваторските интервенции во делот на апсидата како и на јужната и северната конха.
На тие делови има и најголем број на оштетувања со оглед дека самото раслојување се одвива тешко односно најпрвин се работи на одстранување на оштетениот живопис по хемиски пат па потоа деловите коио не се одстранети по хемиски пат се одстрануваат по механички пат. Сите овие конзерваторско – реставраторски активности се со цел да се отстрани оштетениот живопис од 19 век и целосно да се презентира постариот живопис од 17 век.
Во 2024 година се работеше на конзерваторско – реставраторските работи на ѕидното сликарство на источниот ѕид и тоа беа изведувани следните конзерваторски зафати.
Се работеше на повеќе позиции на ѕидното сликарство во ентериерот на црквата. Се интервенираше на источниот ѕид и тоа во апсидалниот дел, чистење на композицијата “Причестување на Апостолите“, како и на јужниот дел на источниот ѕид и тоa:
- Чистење на композицијата Св. Кирил Александриски, најстариот слој од ѕидното сликарство, кое чистење даде одредени резултати
- Чистење по хемиски пат, со раствор од Амониум карбонат, на горниот дел од 17 век, над композицијата на Св. Кирил Александриски, каде се наоѓа композицијата со претставата на Апостол Јован, после чистењето на оваа композиција од 17 век извршен ретуш, само на одредени партии.
- Чистење со хемиски раствор на амониум карбонат и хартиена пулпа на композицијата Причестување на Апостолите, која се наоѓа во апсидата над архиреите, чистењето покажа одлични резултати. На одредени делови за да се золеми ефектот на самиот хемиски процес поставените хартиени пулпи беа покривани со алуминиумска фолија се со цел да се спречи нивното испарување.
- После секој хемиски процес на третираната површина мораше да се третира и по механички пат со употреба на хируршки скалпели.
- По завршувањето на чистењето по хемиски пат на композицијата Причестување на Апостолите, беше изведен ретуш само на поедини партии од ѕидното сликарство.
Фотодокументација на сите конзерваторски зафати пред, за време и по конзерваторските интервенции.