Продлабочување на соработката меѓу НКЦ – Скопје и Кумановско-осоговската епархија

На 1 декември 2025 година, директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски, заедно со д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор, остварија официјална средба со Неговото високопреосвештенство, митрополитот кумановски и осоговски г. д-р Григориј.

Средбата се одржа во Митрополитскиот соборен храм Свети Никола во Куманово

Имајќи предвид дека храмовите чиј имател е Кумановско-осоговската епархија, се наоѓаат во територијална надлежност на установата во однос на нивната заштита, заемната соработка и одличните односи помеѓу КОЕ и НКЦ – Скопје се од исклучително значење. Меѓу нив се вбројуваат храмовите Св. Ѓорѓи во Старо Нагоричане, Успение на Пресвета Богородица во Матејче, Св. Никола во Псача, Св. Ѓорѓи Победоносец во Младо Нагоричане, Карпинскиот манастир, Митрополитскиот соборен храм Св. Никола во Куманово, манастирот Св. Јоаким Осоговски и многу други сакрални објекти.

Во рамки на разговорот беа разгледани прашања поврзани со ефикасноста при издавањето согласности и одобренија за конзерваторски истражувања и непосредна заштита, како и за континуираната грижа и одржувањето на храмовите. Во тој контекст, беше нагласена потребата од уште поинтензивна и систематска соработка меѓу матичната установа и епархијата како неопходен предуслов за успешна заштита, презентација и одржливост на сакралното наследство.

Заедничките заложби продолжуваат во насока на унапредување на заштитата и зачувувањето на богатото духовно и културно наследство на регионот.

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска

Kumanovo_002

Image 3 of 4

You may also like...