Работна посета на директорот во текот на стручните увиди

На 14 ноември 2025 година, директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, м-р Александар Јорданоски, оствари работна посета заедно со стручниот тим во текот на спроведувањето на стручните увиди. Станува збор за реализација на активноста Стручни увиди во состојбата на регистрираните и евидентираните недвижни културни добра и недвижност по намена на територијата на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане и Општина Ранковце, односно културните добра кои се наоѓаат под територијална надлежност на установата.

Стручните увиди се реализираат во рамки на Годишната програма за работа за 2025 година на Националниот конзерваторски центар – Скопје, финансирана од Министерството за култура и туризам. Стручниот тим е составен од д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор, раководител на стручниот тим; м-р Невенка Величковска, сликар, советник конзерватор, член; м-р Владо Муковски, сликар, советник конзерватор, член; д-р Мишко Тутковски, историчар на уметноста, советник документатор, член; м-р Луиза Невзати, дипл. арх. инж., виш конзерватор, член; Игор Кузмановски, дипл. арх. инж., конзерватор, член и Елеонора Панзова, сликар, конзерватор, приправник.

Целта на работната посета беше директорот одблиску да се запознае со текот на теренските активности и состојбата на заштитените недвижни добра и недвижност по намена, со цел поефикасно планирање и спроведување на идните мерки за нивна конзервација и реставрација, односно заштита и афирмација.

Во рамките на посетата, директорот Јорданоски оствари средба и со парохискиот свештеник Дејан Апостоловски, со кого разговараа за значењето на континуираната грижа и одржување на храмовите. Во тој контекст беше потенцирана потребата од засилена соработка меѓу установите и црковните заедници како неопходен предуслов за заштита и одржливост на сакралното наследство.

Директорот Јорданоски ја нагласи важноста од редовното спроведување на стручните увиди како законски и суштински дел од матичната дејност на установата, преку кои се овозможува систематско следење и процена на состојбата на недвижното културно наследство. Врз основа на добиените податоци ќе произлезат и ќе се дефинираат насоки и приоритети при програмирањето на идните годишни програми.

 

Подготвила: д-р Јехона Спахиу Јанчевска

Фотографии: д-р Мишко Тутковски; м-р Невенка Величковска; д-р Јехона Спахиу Јанчевска

5

Image 3 of 5

You may also like...