Потпишан договор за соработка

На 17 септември 2025 година потпишан е договор за меѓусебна соработка помеѓу НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица и НУ Национален конзерваторски центар – Скопје.
Овој договор ја поставува рамката за реализација на Основниот проект за конзервација на фрескоживописот во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино. Финансиран од О. Ново Село. Проектот ќе започне во септември 2025 година, а ќе трае до октомври 2027 година.
Со овој чекор ја потврдуваме нашата посветеност во заштитата на културното наследство и зачувување на духовните и историските вредности на нашиот регион.

DRA-4

Image 3 of 4

You may also like...