Свечено отворање на обновениот Спомен-дом на Разловечкото востание

Почитувани,

Со особена чест и длабока почит ве покануваме на свеченото отворање на обновениот Спомен-дом на Разловечкото востание, место кое сведочи за непокорот, жртвата и историската меморија на македонскиот народ.

Во годината кога се одбележуваат 150 години од Разловечкото востание (1876 – 2026), еден од најзначајните симболи на македонската револуционерна мисла и стремежот кон слобода,
обновениот Спомен-дом повторно ги отвора своите врати како простор на сеќавање, достоинство и национално наследство.

📍 с. Разловци
📅 19 мај 2026 година (вторник)
🕚 11:00 часот

Проектот е реализиран од Националниот конзерваторски центар – Скопје, како дел од Годишната програма за остварување национален интерес во културата за 2026 година, со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, како и е дел од владините приоритети во делот на стратегиските цели во културното наследство.

Вашето присуство ќе претставува особена чест во одбележувањето на овој значаен јубилеј и во заедничкото чествување на едно од најсветлите поглавја од нашата револуционерна историја.

Со почит,

доц. м-р Александар Јорданоски,

директор на Националниот конзерваторски центар

 Свечено отворање на обновениот Спомен-дом на Разловечкото востание, место кое сведочи за непокорот, жртвата и историската меморија на македонскиот народ.

ВИДЕО

You may also like...