Грижата за културното наследство како основа на стабилен идентитски континуитет
Еден човек не случајно се раѓа на одреден простор, токму да го облагороди опкружувањето каде што ќе егзистира во неговото животно патување. Тоа е цврсто заемно поврзување на поединецот со неговиот егзистенцијален простор, а со делувањето на човекот тој станува животен простор. Животниот простор, пак, во својата парадигма подрзбира слоевитост – од основно нагонско опстојување до култивирање на физичкиот простор, но што е и посуштински – создавање одреден начин на живеење, навики произлезени од конфигурацијата на просторот и од климатските услови, а сето тоа создава автохтон и единствен сплет односи на луѓето во заедницата, но и кон животниот простор.
Превземено од ДЕНЕШЕН весник ВИДИ