TAIEX мисија за современи методи на чистење и конзервација на ѕидното сликарство
На 25.11.2025 год.(вторник) со почеток во 10 часот, во објектот Порта Македонија, свечено ќе биде отворена втората TAIEX мисија посветена на современите методи на чистење и конзервација на ѕидното сликарство. Настанот претставува продолжение на првата мисија реализирана во оваа област и има за цел да овозможи напредна стручна размена и унапредување на конзерваторските практики во државата.
На мисијата ќе учествуваат француски експерти од Универзитетот Париз и Пантеон–Сорбона, кои заедно со македонските конзерватори за ѕидно сликарство ќе работат на усовршување на современи методологии и протоколи за заштита на културното наследство.
Свеченото отворање ќе го означи директорот на Националниот конзерваторски центар – Скопје, г-дин Александар Јорданоски, а свое обраќање ќе имаат и државниот секретар во Министерството за култура, г-ѓа Марија Станчевска Ѓоргова, како и амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Неговата Екселенција г-дин Кристоф Ле Риголер.
Настанот претставува значајна платформа за продлабочување на француско-македонската соработка во областа на конзервацијата и отвора нови можности за професионален развој на стручниот кадар.
TAIEX_agenda_conservation of wall paintings_2025мкПостер
TAIEX_agenda_conservation of wall paintings_2025мкПостер-foto





