Организациона средба за отпочнување на непосредната заштита на ѕидното сликарство во црквата Св. Константин и Елена во с. Мокрино, Општина Ново Село

На 16 октомври 2025 беше одржана организациона средба во црквата Св. Константин и Елена во селото Мокрино, Општина Ново Село, од страна на стручни тимови од Националниот конзерваторски центар – Скопје и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица, предводени од директорите м-р Александар Јорданоски и Бранко Ѓоргиев.

Средбата следеше по потпишаниот Договор за соработка помеѓу двете установи, со кој е предвидена реализација на конзерваторско-реставраторски работи на ѕидното сликарство во ова значајно недвижно културно добро. Целта на средбата беше организација на активностите за отпочнување на непосредната заштита и утврдување на динамиката на изведбата.

 Конзерваторско-реставраторските зафати ќе се реализираат со средства во износ од 2.170.000,00 денари, обезбедени преку Унгарската кредитна линија, а ќе отпочнат во најкраток можен рок.

Раководител на Основниот проектот за конзервација и реставрација на ѕидното сликарство во црквата Св. Константин и Елена во с. Мокрино, Општина Ново Село беше м-р Дарко Николовски, историчар на уметноста, советник конзерватор во НКЦ – Скопје, додека раководител на непосредната заштита ќе биде м-р Зарије Амдиу Реџеп, сликар, советник конзерватор, исто така од НКЦ – Скопје.

На средбата присуствуваше и д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор во НКЦ – Скопје, претседател на Комисијата за стручна контрола на Основниот проект, како и Елеонора Панзова, сликар, конзерватор во НКЦ – Скопје, која ќе биде вклучена во стручниот тим.

Реализацијата на овој проект претставува значаен чекор во зачувувањето и афирмацијата на културното наследство на Општина Ново Село, како и во унапредувањето на соработката помеѓу националните и локалните установи во областа на заштитата на културното наследство.

Подготвиле: д-р Јехона Спахиу Јанчевска и Елеонора Панзова

Фото: Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Струмица

1

Image 1 of 8

You may also like...