Работна средба со градоначалникот на Општина Кратово
На 13.10.2025 год. директорот на Националниот конзерваторски центар, м-р Александар Јорданоски, заедно со стручни лица од установата, Мирјана Топузоска, дипл. инж. арх, виш конзерватор и д-р Мишко Тутковски, истричар на уметност, виш документатор, остварија работна средба со градоначалникот на Општина Кратово, Тодорче Николовски.
Општината алармираше за исклучително лошата состојба на два моста кои се дел од споменичката целина Старо градско јадро на Кратово, културно наследство од осообено значење, Јокчиски мост и Аргулички мост. Во рамките на посетата беше извршен и увид во состојбата на културните добра.
Во Нацрт-годишната програма за работа за 2026 год. на Националниот конзерваторски центар предвидена е изработка на основни проекти за конзервација и реставрација на овие заштитени културни добра.
Мирјана Топузоска
Фото: Мишко Тутковски