Увид во постојната состојба на недвижното културно наследство – Полошки манастир „Св. Вмч. Георгиј“ на Тиквешкото Езеро, Oпштина Кавадарци

Врз основа на Барањето од страна на МПЦ – Повардарска православна епархија – Полошки манастир „Св. Вмч. Георгиј“ на Тиквешкото Езеро, в.д. директорот на НУ Национален конзерваторски центар – Скопје (НУ НКЦ – Скопје), м-р Цветанка Хаџи Пецова формираше стручен тим за вршење увид во постојната состојба на недвижното културно наследство – Полошки манастир „Св. Вмч. Георгиј“ на Тиквешкото Езеро, Општина Кавадарци, во состав: д-р Јехона Спахиу Јанчевска, историчар на уметноста, советник конзерватор, раководител, м-р Владо Муковски, сликар, советник конзерватор, член, д-р Валентина Поцеска, сликар, советник конзерватор, член, Мирјана Топузоска, диа, виш конзерватор, член и Виктор Ирвин Иванов, фотограф, член.

Стручниот тим изврши увид во постојната состојба на 14.5.2025 година, во присуство на старешината на манастирот, игуманијата Магдалена, архијерејскиот намесник – протојереј Воислав Ѓорѓиев, парохискиот свештеник – протоереј Мартин Деневски, протоерејот Тане Величковски и парохискиот свештеник Виктор Димовски.

Тимот имаше задача да изврши увид во постојната состојба на манастирската црква од аспект на зачуваност и настанати промени на архитектурата и уметничките содржини во храмот, односно ѕидното сликарство и иконописните дела; да ги утврди актуелните проблеми и оштетувања на архитектонско-конструктивните делови и елементи на храмот (и во екстериерот и во внатрешниот простор), да ги идентификува главните причинители на деградацијата и да документира видно изразени оштетувања на фрескоживописот; да ја процени опасноста и ризикот од понатамошно загрозување и влошување на состојбата на архитектонските и уметничките содржини; како и да подготви извештај од извршениот теренски увид во актуелната состојба на манастирската црква, со стручно мислење и предлог-конкретни насоки за преземање на сите неопходни стручно-заштитни мерки.

По изршениот увид, беше изработен и поднесен детален извештај во кој беа соопштени податоци за манастирската црква, краток преглед на претходните интервенции и зафати од страна на  НУ НКЦ – Скопје (некогашен Републички завод за заштита на спомениците на културата), постојната состојба на архитектурата, на ѕидното сликарство и на престолните икони. Воедно, во изештајот беа изнесени и предлог мерки за понатамошни активности, а имајќи ја предвид констатираната состојба и особено потребата за итни заштитни мерки, НУ НКЦ – Скопје ќе го вклучи Полошкиот манастир во Нацрт-годишната програма за работа за 2026 година.

2

Image 10 of 10

 

You may also like...