Посета на Министерот за култура и туризам на НУ НКЦ

На 12 септември 2024 година Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, имаше работна посета на НУ Национален конзерваторски центар, најстарата матична стручна институција од областа на заштитата на културното наследство.

Во разговорите се констатираше дека низ годините институцијата е доведена до многу лоша состојба, и од кадровски и од технички аспект.

Инаку НКЦ има надлежност во областа на заштитата на недвижното културно наследство на територијата на 32 општини во државава и, како што нагласи, неопходна е сериозна поддршка и внимание, што во изминатиот период евидентно отсуствувало.

Министерот Љутков потенцираше дека состојбата бара итно обезбедување повисоки средства за работа и нови вработувања.

На работната  средбата со в. д. директорката, д-р Ангелина Поповска, и со вработените стана збор за тековните проекти, чија реализација не е почната делумно поради недоволните средства што се издвоени за почнување на проектотите, а во голем дел поради неажурноста на претходното раководство.

„Од 2025 е подобро да се фокусираме на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза. На тој начин се надевам дека ќе реализираме голем број проекти“, рече Љутков.

Во изјавата за медиумите, тој информираше за дефицитот на стручен кадар, административни и помошно-технички лица во Установата, и нагласи дека Владата и Министерството за култура и туризам многу сериозно гледаат на овој проблем.

Министерот Љутков ја посети и Конзерваторската лабораторија при НКЦ, каде што се реализира проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели) од Спомен-куќата на Лазар Личеноски.

При посетата на НКЦ, министерот Љутков се запозна и со релативно лошата состојба во која се наоѓа зградата на НУ НКЦ – Скопје, за што најави дека следната година ќе бидат издвоени средства за надминување на ваквите затекнати состојби со објектот на НКЦ.

poseta_MK_-7338

Image 16 of 22

You may also like...